411
Албанските партии се вазали на ВМРО-ДПМНЕ, изјави генералот на ОНА од 2001 година и екс генерален секретар и потпретседател на ДУИ Гзим Острени, кој денеска официјално го најави формирањето на новата албанска партија Унитети или Единство.
– Нашата цел е создавање на нова алтерантива за понатамошниот демократски развиток во Македонија. Ние ќе работиме на градење на меѓуетничка доверба и воспоставување на граѓанска држава – истакна Острени, додавајќи дека Охридскиот договор не се спроведува.