Околу 2.000 затвореници од сите затвори во Македонија денеска напладне ќе почнат со протестот поради одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не ги помилува. Тие се револтирани бидејќи претседателот аболираше а 56-мина политичари, нивни соработници и поддржувачи, па сега бараат намалување на нивните казни 30 до 50 проценти.
На протестот ќе се придружат и семејствата на затворениците, а тие најавуваат дека ова е само почеток. Доколку никој не ги уважи нивните барања, затворениците не ја исклучуваат можноста и да почнат штрајк со глад.
Претходно мотивирани од аболицијата на политичарите, помилување побараа и 106 жени затворенички од затворот Идризово, но Иванов им одговори дека нема да ги помилува и ги упати намалување на казната да бараат по регуларен пат.