616
Жителите на Кучково се жалат дека среде лето се оставени без капка вода. Велат дека со ваков проблем се соочуваат стотина жители.
-Сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода. Ова е сериозен проблем со кој се соочуваме, секој ден се жалиме во општината Ѓорче Петров, ама не ни одговараат, а последниот пат не избркаа од општина.
Тука живееме и има над 200 куќи, алармираат жителите.