Во своето денешно сведочење на судењето за „Организаторите на 27 април“, поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, истакна дека во тој период биле на добар пат да се договорат за широка коалиција.
-Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО, сведочеше Никола Тодоров.
„Фокус“ го праша премиерот Зоран Заев за коментар, односно дали имало таков договор, а Заев ни одговори дека такво нешто немало, односно барем тој не бил информиран.
-Со мене пред 27 април и на 27 април не е разговарано за широка коалиција. Можеби со некој друг тогаш разговарале, изјави за „Фокус“ премиерот Заев.
Досега само се шпекулираше дека во тој период се кроел план за широкока колиција, а денеска Тодоров за прв пат и јавно проговори.
Како што неофицијално дознаваме, во тој период покрај официјалните преговори на Заев и Никола Груевски со работните групи, се воделе и паралелни неофицијални преговори меѓу блиски лица на тогашните лидери Заев и Груевски.
Валентина Вурмо