437
Собраниската група за помирување денеска треба да го одржи вториот состанок, на кој е поканет и премиерот Зоран Заев, за да ги образложи своите ставови околку замислената амнестија за обвинетите во случајот „27 април“.
На првиот состанок, одржан пред два дена, членовите на групата постигнаа согласност за формирање три работни подгрупи што ќе се однесуваат за областите – реформи, интеграција и помирување.
Овие три работни подгрупи ќе имаат можност и право да ја консултираат стручната јавност за прашањата кои ги дебатираат со што се дава инклузивност на целиот процес.