Секретарката на Трајко Вељаноски ќе дава одбрана за „27 април“

by fokus

Судењето за „27 април“ денеска продолжува во Кривичниот суд. На денешното судско рочиште е предвидено одбрана да даде обвинетата Елена Доцевска-Божиновска, вработена во Собранието. Во нејзина корист ќе сведочат и четворица сведоци.

Потоа, се очекува судењето да продолжи со изведување на писмени докази односно гледање видео снимки предложени од одбраната на други обвинети, меѓу кои актерот Владо Јовановски и полицаецот од собраниското обезбедување Абдулфета Алими.

На минатото рочиште исказ пред судот дадоа обвинетите Горан Ѓошевски, началникот на обезбедувањето на Трајко Вељановски, и Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање. Беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната, меѓу кои и пратеникот Влатко Ѓорчев.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Поврзани новости