776
Датумот на изборите е завршена работа, тие ќе се одржат на 5 јули, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.
Како што кажа Заев, брзи избори биле неопходни заради добивање на функционални институции, што меѓу другото ќе овозможи подобра здравствена заштита на населението.
„Не е одговорно државата да ја оставиме без парламент и со техничка влада, во која опозицијата е настроена деструктивно. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба“, рече Заев.