И Славјанка Петровска е во самоизолација

by fokus

И Славјанка Петровска, заменик министерот за внатрешни работи, е во самоизолација, информираше денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Истата информација ја споделија и од партијата.

Велат дека сите кои биле во контакт со Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска кои се заразени од корона вирусот се во изолација.

„Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска, велат од СДСМ.

Поврзани новости