Вучиќ: Не се радуваме, посакувавме напредок и за Македонија

by fokus

На отворената седница на српската Влада, на која присуствуваше претседателот Алекандар Вучиќ, тој оцени дека отворањето на кластерот 4 е важен сигнал дека ЕУ го поддржува натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат, но и дека во Србија се работело вредно и добро, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние сме единствената земја од Западен Балкан на која нешто и е отворено на меѓувладината конференција во Брисел. На тоа ние не се радуваме, затоа што би го сакале тоа и за другите, особено за нашите пријатели од Северна Македонија, но од билатерални причини тоа не го направија, изјави Вучиќ.

Кога станува збор за состојбите во регионот, тој посочи дека е забележливо што со посебно внимание се следи напредокот на Србија.

Вучиќ оцени дека е забележливо дека Загреб и Приштина на најистакнат начин, но и делови од политичко Сараево изразуваат незадоволство и ја следат брзината на напредокот на Србија, зајакнувањето на нејзината финансиска моќ, но и зајакнувањето на армијата, со желба тоа да не оди со таа брзина.

Поврзани новости