Возило од кавадаречката болница ќе ја однесе жената од Демир Капија на тестирање

by fokus

-Хронично болната жена од Демир Капија, која има и симптоми на Ковид 19 ќе биде донесена во Центар за јавно здравје Кавадарци, каде ќе и биде земен брис – за ,,Фокус” информира Др. Диме Коцев, директор на ЈЗУ Кавадарци.

Како што појаснува, таа ќе биде транспортирана со возило од ЈЗУ Кавадарци, а потоа со истото ќе биде вратена назад, во Демир Капија.

Настанот се најде на мета на јавноста, кога утринава жената чии родители се позитивни на корона вирус, се обрати до редакцијата на ,,Фокус” со апел дека нема кој да ја однесе на тестирање и покрај тоа што има асма, дијабет и висок притисок, а пројавила и сипмтоми на Ковид 19.

Таа низ плач раскажуваше дека барала помош со превоз до центарот, каде ќе и биде земен брис од матичната лекарка, но и од такси компании, но никаде на наишла на позитивен одговор.
Исто така реагира и поради тоа што не нејзината десет годишна ќерка и бил земен брис во петокот, а резултатот не бил готов. Како што појасни, девојчето имало висока температура.

-Не знам веќе каде да се обратам, во ризична група сум, затоа побарав помош од вашиот медиум – ни изјави девојката.

-Стапив во телефонски контакт со жената, за кратко време ќе биде надмината оваа ситуација, ќе пратиме возило од болницата – вели Коцев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости