Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска како главен говорник ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“, предвидена да започне во 9:30 часот во рамките на Преспа форумот за дијалог.
Во текот на денот за време на Преспа форумот за дијалог, премиерот Ковачевски е предвидено да има и билатерални средби со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, со генералната потсекретарка на ОН за политички прашања и мировни операции Розмари Ди Карло, со министерот за надворешни работи на Република Полска и актуелен претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау, со секретарот за односи со државите на Светата Столица (Ватикан), Пол Ричард Галагер и со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
Претседателот на Владата во рамките на неговата агенда на Преспа форумот за дијалог, вчера се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со посебниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, а присуствуваше и на отворањето на Форумот на кое главен говорник беше Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.