898
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 444 заразени со Ковид-19, но и 11 пациент кои ја изгубиле битката со вирусот. Во денешниот извештај се регистрирани уште 10 починати, но од Министерството за здравство појаснуваат дека тие се со датум на смрт од претходните три недели, а денес пријавени во ИЈЗ.
-Починати се 21 лице, два пациенти од Скопје (87 и 65г), еден од Куманово (75г), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73г), еден од Прилеп (84г), еден пациент од Штип (78г), еден од Охрид (69г), два пациенти од Кавадарци (64 и 59г), еден пациент од Кочани (71г) и еден од Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.