Во акцијата на МВР уапсен екс градоначалник од СДСМ и син на поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Од МВР денеака информираа дека се уапсени десет лица во координирана полициска операција што се спроведе денеска. Четворица од приведени се од Гевгелија, тројца од Струмица, двајца од Струга и едно лице од Демир Капија. Меѓу нив, како што неофицијално дознава ,,Фокус”, се и поранешен градоначалник на СДСМ и син на поранешен градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и се обезбедени материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели“, стои во соопштението на МВР.

Приведените набрзо ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

„Групата била инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана. Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата“, се појаснува во соопштението од МВР.

Поврзани новости