937
По вчерашниот насилен протест за случајот „Монструм“, од МВР информираат дека вкупно 11 полициски службеници се повредени. Првично беа пријавени седумина, а потоа уште четворица, а за среќа сите се со полесни повреди.
Во полициска станица пак беа приведени осум демонстранти, на кои ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
Учесниците на протестот не се движеа по предвидената рута, бидејќи поради безбедносни проценки толпата беше запрена кај Бит Пазар.