614
Државен инспекторат за животна средина инспекциските надзори од неодамна почна да ги врши и со помош на дрон. Мета на инспекција беше Вардариште. Погледнете ја еколошката катастрофа, снимена од дрон:
Првото снимање со дрон беше направено на 29 јануари во скопската општина Карпош, кај Момин Поток и Градскиот парк
„Снимањето ќе продолжи на територијата на целата држава во сите три области: вода, природа и животна средина“, велат од инспекторатот.
Од таму напоменуваат дека сите снимки ќе бидат јавно достапни преку видео и слика со цел подобрување на состојбата на животната средина во целата држава.