Веќе 12-ти ден по ред протести во САД против полициската бруталност

by fokus

Десетици илјади луѓе, 12-ти ден по ред, излегоа на улиците на многу американски градови на протести против полициска бруталност и расна нееднаквост.

Во главниот град Вашингтон се одржаа најголемите протести, кои го потресоа американскиот политички систем, од 25 мај кога црнецот Џорџ Флојд почина за време на апсење во Минеаполис, додека полицаец речиси 9 минути го притискаше со колено врз вратот.

Многумина се собраа во близина на Белата куќа, каде што беа поставени огради и бетонски барикади со кои беа затворени парковите.

Големи протести се одржаа и во Њујорк, Филаделфија, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес. Помали протести беа одржани во помалите градови, предградијата и руралните средини.

По насилните протести, грабежи и палења на почетокот, сега протестите се главно мирно, но сепак имаше пријавено инциденти.

Протести за поддршка се одржаа и во Берлин, Париз, Лондон и во други градови низ Европа, а демонстрантите во Лондон се судрија со полицијата.

Поврзани новости