Стојанче Ангелов: Задоволството да го тужам Латас ме чинеше 6.000 евра!

by fokus

Стојанче Ангелов, денеска на фејсбук објави, дека задоволството да го тужи новинарот Драган Павловиќ Латас, поради навреда и клевета, го чинело 6.000 евра.

“Задоволството да го тужам Латас ме чинеше 6.000 евра.
Во 2011-та поднесов две приватни тужби за клевета против уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас. Иако бев 100% во право, сваровски судството него го прогласи за невин, а мене ме задолжи да му ги платам судските трошоци.

Преку извршител, лека полека му платив 190.000 дененари за првата тужба и уште 170.000 дененари за втората тужба, или вкупно 360.000 денари, односно, околу 6.000 евра.

Додека пред судот давав изјава, судијката ме праша „Вие сте претседател на партија?“ а подоцна ме допраша “И Љубе Бошковски ли има партија?
Како и да е, најважно од се’ е да сме живи и здрави, напиша Ангелов ба фејсбук.

Поврзани новости