Во моментов трае судењето за обвинетите за настаните од 27 април, односно за крвавиот четврток во Собранието.
На денешното прво рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија присуствуваат сите 33 обвинети. Тие одговараат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Меѓу обвинетите се пратеници, уметници, припадници на МВР, на безбедносните служби и собраниското обезбедување.
На обвинителната клупа во судот се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.
Предметот го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска и веќе се закажани вкупно 37 термини за главна расправа.
ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ