Бојан Јовановски наместо во судница денеска ќе остане во истражниот затвор “Скопје”, бидејќи затворскиот лекар утврдил дека не е во добра здравствена состојба за да го следи судењето за случајот “Рекет”.
Судијката Васка Николовска Масевска истакна дека денеска во 11.30 часот од затворот добиле известување.
-Врз притворениот извршен е преглед. Измерен е притисок од 120 со 70, нормална аритмија на срце. Се жали на болки во стомокот, со постојано гадење. На мислење сме дека не е способен да го следи судскиот процес, напишал докторот, прочита судијката.
Таа истакна дека ќе побара дополнителен преглед за Јовановски.
-За да се избегнат било какви злоупотреби и манипулација околу неговата здравствена состојба, судот ќе даде наредба Јовановски денеска да биде конзилијарно прегледан од тим лекари од Клиничкиот центар, рече судијката.
Наредното рочиште е закажано за утре.
В.В.