Сведочење: Возилото „рено кангу“ го „уловивме“ на камера на Сејф сити по палењето на „цитроенот“, го возеше маж кој личи на Палевски

by fokus

Возилото „цитроен“, со кое беше грабната 14-годишната Вања Ѓорчевска, првпат до зградата на девојчето се доближило утрото на 24 декември, околу 6.30 часот, односно три дена пред да биде киднапирана Вања. Ова го сведочеше началник од „Сејф сити“.

-На 24-ти возилито ,,цитроен” од Триангла, Маџари, оди на местото каде што живее девојчето и си оди. На 27-ми кога е грабнато девојчето повторно оди кон зградата на девојчето, и потоа ни се губи кон Александар Палас. „Реното кангу” пак се движи 2-3 минути пред „цитроенот“, исто кон Александар Палас, сведочеше полицаецот.

Тој појасни дека пребарувале низ снимките на ниво на Град Скопје, а потоа по дојави. Возилото,,цитроен” го барале низ снимките по дојава од СВР Велес дека му припаѓа на исчезнат од Велес, а потоа кога стигнало известување дека автомобилот е запален во Бразда, во видик им било и возилото ,,рено гангу” кое поминало во близина.

– „Реното кангу” кога доаѓа од местото на настанот, по палењето на ,,цитроенот”, во 9.38 часот, го фаќаме на камера кај Бутел. Се гледаат две силуети. Возачот е со брадичка, со седа коса, и личи на првообвинетиот
(мислејќи на Љупчо Палевски -Палчо). Возилото се упати кон Железничка, кај седиштето на партијата ,,Десна”, сведочеше сведокот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Валентина Вурмо

Поврзани новости