Стојанче Ангелов повторно протестираше пред МРТ

by Фокус

Веќе неколку дена, Стојанче Ангелов и група граѓани протестираат пред јавниот сервис. Тие и денеска се обидоа на уредувачкиот тим на вестите на МРТ да им достават ДВД со снимени телефонски разговори кои укажуваат на изборни манипулации, следење на новинари, односно материјали кои веќе ги објави СДСМ, но никој не сакаше да ги прими.

-Ова е надпартиско здружување на граѓаните, затоа ги повикувам сите граѓани, членови и на други партии и сите загрижени за состојбата во која се наоѓа државата да ни се придружат, истакна Ангелов.

На настанот беше присутна и Хрватската национална телевизија, за која Англов даде изјава, односно зборуваше за актуелните политички случувања во државата, а го спомена и апсењето и затворањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

 

Поврзани новости