459
Средношколците потсетуваат дека веќе една недела спијат во „Паркот на новинарите“, спроти зградата на Министерството за образование и наука, а надлежните и понатаму ги игнорираат.
-Една недела помина, а од Министерството за образование и наука ни трага ни глас. Ви спиеме пред прозор, нашите родители цела недела во 17:00 доаѓаат да ви дадат до знаење дека и тие се на наша страна, а вам ви е гајле. Не се води така најважниот сектор за една индивидуа, една нација, една држава, образованието, велат од Средношколскиот Пленум.