418
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати пофални зборови за успешно спроведениот изборен ден и малиот број на изборни неправилности.
„Граѓаните ја покажаа својата зрелост. Јас се заблагодарувам на сите претставници на МВР, овозможувајќи целиот процес да се спроведе мирно и безбедно. Евидентирани се неколку случаи на прекршување на изборниот процес. Им честитам на граѓаните“, рече Спасовски.