Скопјани вечерва се простија од Балашевиќ

by fokus

Скопјани вечерва се простија со легендата Ѓорѓе Балашевиќ, палејќи свеќи пред платото на Универзална сала.

Балашевиќ ја изгуби битката со Ковид-19, во 67-та година од животот.

На настанот насловен „Скопје за Балашевиќ“ на голем видео бим се редаа фотографии на Балашевиќ, додека во исто време во позадина се слушаа неговите најголеми хитови.

Присутните обожаватели на „панонскиот морнар“ од сите генерации оставаа цвеќе, играчки и палеа свеќи, споделувајќи спомени за Балашевиќ.

Организатор на настанот е Град Скопје.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов својот профил на Фејсбук објави дека на последната средба со Балашевиќ договарале тој да настапи при повторното отворање на Универзалната сала.

– Денес губам дел од својата душа. Денес губам дел од себе. Нашата задња слика друже. На твоето последно доаѓање во Скопје. А договаравме да ја отвориш Универзална…, наведува Шилегов во објавата.

 

 

Поврзани новости