СЈО утринава изврши претрес во домовите на Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на Владата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и екс министерката Елизабета Канческа- Милевска, дознава „Фокус“.
Засега е непознато дали покрај претресите е издадена наредба за приведување на Божиновски и на Канческа-Милевска, и дали претресите се извршени за нова предистражна постапка или за случај што веќе е во тек.
Божиновски е еден од обвинетите во случајот „Титаник“ на СЈО. Се товари за Злосторничко здружување и Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Од обвинителството бараа на Божиновски да му се одреди притвор, поради опасност од бегство и влијание на сведоци, но судот го одби ова барање и само му го одзеде пасошот.
И Канческа-Милевска е обвинета во случајот „Тендери“.