Штипската болница им должи 200.000 евра на вработените за дежурства

by fokus

Над 400 лекари, медицински сестри и болничари си ги бараат парите за дежурствата кои во изминатите три години не им се исплаќани согласно колективниот договор, јави телевизија телма.

Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев вели дека првичната пресметка е дека болницата должи 200.000 евра, а се очекува тим од Фондот за здравство да изврши увид во документацијата, по што точно ќе се знае колку треба да им се исплати на лекарите и на медицинскиот персонал.

 

Поврзани новости