Шилегов: Зврлевски не се осмели да го спомне Груевски, а не пак да го викне на распит

by Фокус

Материјалите од прислушувањето и содржините од него се надлежност на специјалниот јавен обвинител и тој е единствениот кој во независна и непристрасна постапка ослободен од рацете на Никола Груевски може да донесе одлуки во кои што ќе верува јавноста, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој истакна дека со вчерашното соопштение кое го објави обвинителството, обвинителот Марко Зврлевски признал дека е во директен линк со Груевски, па затоа треба да си поднесе оставка.

– Ако добро се проследи она што го напишал Марко Зврлевски, тој не се осмелил ниту еднаш да го спомене името на Никола Груевски, а не пак да го викне на распит и покрај огромниот скандал со парцелите на Водно во кој е вмешан Груевски како премиере, рече Шилегов.

Обвинителството, додаде тој, не постапило по допрен глас за ниту за една од снимките за кои не е поднесена кривична пријава, а особено снимката која открива криминал со автопатиштата во кој е вмешан Груевски со сериозни индиции за барање мито меѓу 15 и 18 милиони евра, како и за низа други афери во кои е вмешан Груевски.

– Освен Сашо Мијалков ниту еден од високите владини и партиски функционери вмешани во скандалите не е викнат на распит, за ниту еден од нив нема мерка за обезбедување. Тие се уште ги вршат функциите а можат да ја попречуваат истрагата, да влијаат на сведоците или да уништат доказен материјал, рече Шилегов.

Тој порача дека Зврлевски не смее и не може да донесе одлуки по овие предмети бидејќи нема ниту морален ниту професионален интергитет и кредибилитет.

 

Поврзани новости