Вчера МВР издало 649 потврди за барање на азил

by Фокус

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, Министерството за внатрешни работи издало 649 барања за азил на странските државјани кои илегално влегле во Македонија.

-Во периодот од 19.06.2015 до 23.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 18.259 странски државјани, од кои, 13.405 се од машки пол, 2.395 се од женски, 2.299 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-13.338, потоа Авганистан-1.525, Ирак-1.074, Пакистан-611, Сомалија- 430, Палестина-366, Конго-254, Камерун-104, додека останатите се во помал број, велат од МВР.

Од таму информираат и дека од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера, до Одделението за азил се поднесени 35 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

 

Поврзани новости