Министерката Радмила Шекеринска, во синоќешното гостување во „Лица“ на 1ТВ, истакна дека е еден од ректите лидери на партија што по изборен пораз се повлекле.
„Јас сум еден од ретките претседатели на партија кој по изборен пораз си дал оставка, меѓу другото и затоа што сметам дека луѓето треба да ја земаат тежината на себе, а не да ја оставаат на партијата или на тимот. Во тие моменти сметав дека тоа е добро за мене, сте биле присутен премногу, сте дале што сте можеле. Бев изненадека кога по 3 години надвор од жижата на настаните излегов на површината како личност со најголема доверба во СДСМ пред изборите во 2011 година“, објаснува Шекеринска и додава дека затоа треба повеќе да ги менуваме и политиките, за новите ликови да добијат нова шанса.
Што се однесува до работата, Шекеринска вели дека е тимска, а за жените во политиката, на овие простори важи ставот дека ако се неуспешни, тогаш се слаби, а ако се успешни, најголемиот дел од луѓето мислат дека тоа е резултат на себичност во планирањето.
-Кога решив да се повлечам затоа што не успеав да победам на изборите во 2008, многумина мислеа дека е трик, дека најавувам оставка за потоа да биде нешто поинаку. Никогаш не сум верувала во дупли игри, ги добивав шансите тогаш кога најмногу играв за тимот, а не за себе, вели Шекеринска.