Села: Заев ми призна дека Ахмети му се заканил со излез од влада доколку го добиеме министерството за здравство

by fokus

Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците, во вечерашното гостување во Топ тема на Телма, рече дека премиерот Зоран Заев во разговор со него му признал дека е уценет од Али Ахмети со излегување од Влада, доколку Алијансата го добие министерското место во здравството.

-Тој рече дека Ахмети го уценувал со излегување од Влада доколку го добиеме министерството за здравство“, рече Села.

Тој раскажа и за средбата што ја имал со Заев по локалните избори.

-Првиот момент кога се видовме после избори во Александар Палас тој прво почна со тоа што се извини за тоа што се случи на локалните избори. Тогаш му кажав дека тој лично дошол да се меша во Струга да ја поддржи најлошата варијанта за градот.

Села рече дека Заев на нивната средба не можел да го гледа во очи цели 15 минути.

 

Поврзани новости