СДСМ денеска во Јавното обвинителство поднесе 21 кривична пријава против повеќе од 17 сторители на повеќе кривични дела против изборниот процес.
Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ, истакна дека кривичните пријави опфаќаат злоупотреба на службена положба, присилба, злоупотреба на лични податоци, предизвикување на општа опасност, фалсификување на исправи, незаконско посредување, повреда на избирачкото право, повреда на тајноста на гласањето и злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања.
– Сите пријави се базирани само на доказите кои ги доставиме до јавноста и се веќе доставени и во ОЈО. Знаете дека ние не веруваме во објективноста, професионалноста и објективноста на правосудниот систем во земјава, а откако излегоа овие докази и снимки, веќе и јавноста нема доверба. Меѓутоа, со поднесувањето на кривичните пријави покажуваме дека ние ги почитуваме Уставот и законите на Македонија и оставаме пишан траг, дека некој ќе мора да одговара за неконските и криминални дејствија за време на серија од изборни циклуси, истакна Шекеринска.