419
Присутните во Универзалната сала штотуку слушнаа нови прислушувани телефонски разговори кои според СДСМ докажуваат нови изборни нерегуларности.
Поточно беа презентирани разговори меѓу министерката Гордана Јанкулоска и министерот Зоран Ставрески, во кои наводно се прикажани двете лица на министерката, односно на момент и таа признава дека и се гади и изборните манипулации. На моменти и министерот Ставрески вели дека не одобрува такви работи, а и министерката се согласува со него. Ставрески дури и коментира, „После Цацко ќе ни е крив, кога се ќе излезе по извештаи“. Тој дури и помислува да излезе од целата работа.