Петстотини граѓани во текот на изминатата година се опфатени со едукативни предава за откажување од пушење во Советувалиштата отворени за оваа намена во рамки на Центрите за јавно здравје во Репбулика Македонија. Советувалиштата функционираат од јуни минатата година, а половина од опфатените со предавањата се здравствени работници. Бројот на граѓаните кои побарале помош е многу мал, со оглед на тоа дека во Македонија има околу 700.000 активни пушачи.
Како што соопшти Министерството за здравство, согласно Акцискиот план, во првата фаза беа опфатени здравствените работници со цел да им помогнат на своите пациенти во процесот на откажување од пушење.
Сите Центри за јавно здравје подготвија план за работа на Советувалиштето, кој е достапен на веб-страниците на Центрите. Овие едукации се одржуваат двапати неделно по два часа. На пример, во Центарот за јавно здравје во Скопје, советувалиштето работи во вторник и четврток од 13 до 15 часот.