На денешната седница на Советот на јавни обвинители, на која ќе се дискутира за вмешаноста на Јанева во случајот „Рекет“, присуствува и шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Советот треба да утврди дали има елементи за разрешување на Јанева, а Русковска, пред Советот ќе треба да образложи зошто Јанева е осомничена во истрагата.
Ако Советот одлучи да ја разреши Јанева со мнозинство гласови, ќе треба да изготви извештај, кој потоа ќе го испрати во Собранието. По комисиското разгледување на извештајот и по претходна согласност на четирите партии со најголем број пратеници, Собранието на пленарна седница со двотретинско и Бадентерово мнозинство, треба да утврди формален предлог за разрешување на Јанева, кој ќе оди на финално решавање повторно во Советот.