Пронајдени 105 стебла „канабис сатива“ кај Блаце

by fokus

Во текот на вчерашниот ден кај ГП Блазе, во близина на местото „Чучунска лука“ полициски службеници пронашле 105 стебла со канабис.

„На 26.08.2019 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Блаце помеѓу вториот и третиот железнички мост на реката Лепенец, на место викано „Чучунска лука“ пронашле 105 стебла од растението „канабис сатива“. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости