Со онлајн учество на собраниски седници би можело да дојде до злоупотреба на правата на пратениците кои би биле инфицирани од Ковид-19, сметаат од колалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива. Оттаму оценуваат дека Собранието има доволно услови за работа и во ситуација на епидемија со Ковид-19, па како што велат, потребна е само добра комуникација помеѓу власта и опозицијата.
„Нашиот одговор и на координацијата беше човечки. Може ли некој во таква здравствена состојба да се вклучи онлајн. Што ако е поставен на респиратор? Зарем целата јавност да го гледа како се вклучува во Собрание? Тоа е тешка злоупотреба на граѓанските и здравствените права. Собранието има довоолно услови, се што треба е добра координација меѓу мнозинството и опозицијата, изјави Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на АА и Алтернатива.