955
Попладнево избувна пожар и кај скопски Охис и според неофицијалните информации, гори сува трева и неколку објекти. Од ЦУК за кратко најавија официјални информации. Оттаму само посочија дека припадници на МВР ја обезбедуваат локацијата, а известени се и од Државниот инспекторат за животна средина.
Поради пожарот, од безбедносни причини затворен е за сообраќај булеварот „Борис Трајковски“.