ЦУК: Состојбата е алармантна, се менува од минута во минута, а пожарите се шират

by fokus 17:42
17:42

Од минута во минута состојбата се менува и пожарите се шират, истакнаа на денешната прес коференција од раководството на ЦУК, од каде што порачаа дека состојбата е алармантна на повеќе локации.

-Најризично во моментот е во делчевско-пехчевскиот регион. Зафатени се неколку мала и зафатени со огнот се три куќи и плевни, а поради ветерот отежнато е гаснењето на пожарот. Интервенираа 4 хеликоптери, 200 војници, противпожарните бригади од соседните општини…
Во Пехчево зафатени се селата Умлени, Робово и Чифлик.
Алармантна е состојбата и во кумановско, на нови осум локации имаме пожари, загрозени се куќи и други придружни објекти, потенцираа од ЦУК.

- Advertisements -

Исто така посочија и дека пожари се појавени и на територијата на Скопје.

-Алармантна е состојбата и во прилепскиот регион, како и во Скопје, каде што има 18 пожари, а најалармантно е во Ракотинце, Кучково и Сопиште. Четири куќи се изгорени и во светиниколско, велат од ЦУК.

Од таму истакнуваат дека сите расположливи сили се на терен, а апелираат до граѓаните да бегаа и да се евакураат, штом огнот се приближи, зошто човечките животи во вакви ситуации се најважни.

Според Горан Стојановски од ЦУК, за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на Противпожарна единица или општина. Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.

-Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со пожарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани, истакна Стојановски.

Поврзани новости