856
Четириесетгодишен жител на Кочани е новата жртва на корона вирусот. Оваа информација ја потврдуваат од Општината посочувајќи дека им била соопштена утрово.
Станува збор за првиот пациент од Кочани кај кого беше дијагностициран ковид-19.
Во овој град досега беа откриени вкупно 14 заразени.