Турција дели бесплатни заштитни маски

by fokus

Турското Министерство за здравство и Министерството за транспорт и инфраструктура одлучија заеднички да дистрибуираат бесплатни заштитни маски.

Секој граѓанин, со исклучок на оние под 20 и над 65 години, може да аплицира за пет бесплатни маски неделно. Луѓето на возраст над 65 години или оние со хронични заболувања се предмет на задолжителна самоизолација во Турција.

Во моментов, во земјата има полициски час за лица под 20 и над 65 години за да спречи ширење на епидемијата.

Во меѓувреме, турските власти објавија дека младите кои работат, вклучително и оние вработени во сезонско земјоделство, ќе бидат ослободени од забраната за напуштање домови во одредени периоди.

Поврзани новости