585
ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера и денеска изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“, по што со реакција утринава се јавија скопјани.
Од Општината смируваат дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.
-Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка, велат од Општина Центар.