Бизнисменот Орце Камчев и понатаму ќе остане во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи Кривичниот суд денеска му одреди нови 30 дена притвор.
-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена, велат од судот.
Оттаму додаваат дека обвинетиот има право на жалба до Апелација.
Камчев е еден од осомничените во случајот „Плацевите на Водно“, а обвинителството побара продолжување на мерката притвор, бидејќи првите 30 дена истекуваа за два дена.
Одбраната на Камчев, пак, претходно најави дека до Судскиот совет на РСМ ќе поднесат преставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка.