Заев: Направивме сериозен исчекор за Законот за државјанство

by fokus

Премиерот Зоран Заев, по средбата со Алијанса/Алтернатива, со Зијадин Села и со Африм Гаши, изјави дека е направен сериозен исчекор кон наоѓање на решение за Законот за државјанство. Но, не откри повеќе детали, односно дали е тргнато барањето да се издава државјанство со сведоци.

„Се видоа детално бројките колку граѓани кои немаат државјанство, или кои не стекнале државјанство со брак, поради враќање во земјата ги бараат државјанствата… Ги отворивме сите важни прашања, заокруживме доминатни европски пракси. Годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, имаме европски земји каде што имаме пет, седум, десет години. Ќе се извади еден просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка.

Направивме сериозен исчекор, целта е да се оформи законскиот текст, следната недела да се истакне парламентот“, рече Заев.

Премиерот Заев рече дека сега верува дека ќе бидат тргнат амандманите, односно ќе биде одблокиран парламентот.

„Верувам дека ќе бидат тргнати амандманите, и не само од Алијанса и алтернатива, туку и од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Заев.

Поврзани новости