Нема медицински доказ дека хемофилтрацијата, скапиот третман од приватните болници, помага за Ковид-19, смета Филипче

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, на новинарско прашање, одговори дека имаат увид и во бројот на смртноста на пациентите, кои се заразени од Ковид-19, а се лекуваат во приватните болници.

-Ќе ги обезбедиме точните бројки, но исходот кај најтешките случаи е ист како и во јавното здравство, истакна Филипче.

Прашан, зошто во државните болници не се користи третманот за филтрација, односно прочистување на крвта, кај заразените од корона вирусот, а за кој граѓаните на фејсбук собираат пари, за да одат во приватните клиники, министерот рече:

-Нема медицински доказ дека тоа помага за оваа конкретна болест!

Поврзани новости