Случајот “Диво Насеље” е запечатен, односно нема да има ново судење бидејќи Врховниот суд одлучи да ја потврди второстепената пресуда.
-Жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани, пишува во пресудата на Врховниот суд до која дојде “Фокус”.
Според правосилната пресуда, повеќето обвинети беа осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, 20 години петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.
Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи обвинителството не доставило доволно докази.
Во терористичкиот напад во Куманово во 2015 година беа убиени осум припадници на МВР, а четириесетина беа повредени.
В.В.