Од почетокот на пандемијата, па се до сега, во 31 град во државата се појавиле случаи на заразен со корона вирусот. Според стстистиката на Институтот за јавно здравје, заклучно со 5 јуни, од 2.914 случаи, најголем број заразени се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип.
Според бројот на жители, пак, излегува дека сепак најголем процент на заболени се во Куманово, со 382 заболени на 100.000 жители, па следува Штип, Прилеп, Велес, Скопје, Дебар, Струга и Тетово.
Од друга страна, пак, податоците покажуваат дека најголема смртност, како последица на Ковид-19, имало во Струга, Куманово, Прилеп, Велес и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Тетово.
-Во однос на пол, заклучно со 5 јуни регистрирани се заразени 1.410 машки и 1.504 женски лица. Смртноста пак е поголема кај мажите. Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години. Најголем број на заболени, над 20%, се на возраст над 60 години, се наведува во статистиката на Институтот за јавно здравје.
В.В.