Платформата за родова еднаквост, по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март, организира „Марш за правата на жените“ кој во четврток на пладне ќе тргне од Жена Парк во Скопје.
Маршот ќе продолжи преку Плоштад Македонија, Камениот Мост и ќе заврши пред фонтаната на плоштадот Филип Втори
-Земајќи го предвид родовиот јаз во економската, политичката и социјалната сфера на државата, Маршот за правата на жените ќе испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество, соопштуваат организаторите.
Тие информираат дека поканети за учество на маршот се претставници на институции, општини, комисии за еднакви можности, невладини организации, пратеници, како и претставници од дипломатскиот кор во Република Македонија.