Од Министерството за внатрешни работи ни посочија дека во моментот кај нив пристигнала наредбата од Кривичниот суд за приведување на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, и дека постапуваат по неа.
-Се наложува на овластените службени лица од МВР на РМ, СВР Скопје, ОЕКР, Единица за извиди и потраги, Одделение за потраги-Скопје, по пронаоѓање и лишување од слобода на осомничениот С. К., да го спроведат на издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, а за истото веднаш да биде известен Основниот суд Скопје 1 Скопје, пишува во решението за притворот, објавено на сајтот на Основниот суд Скопје 1.
Во решението се наведува дека притворот е во траење од 30 дена, сметано од неговото лишување од слобода. Бизнисменот Кочан има право на жалба и тоа во рок од 24 часа по приемот на истото до Апелациониот суд Скопје.