864
Избори ќе има кога ќе бидат обезбедени услови за фер и демократски избори, изјави денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој вели дека не сака да биде мандатар во време кога се бројат жртви од корона вирусот.
За тоа како понатаму без избори, вели очекува да се договорат на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.
Во врска со поднесената иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 16 февруари, Мицкоски вели дека и во минатото имаше таква иницијатива, но тогаш Уставниот суд ја отфрли како неоснована. За конечен став од партијата побара да се почека одлуката на Уставен.