Јавниот обвинител што го води случајот за аферата со гласањето на Скопскиот фестивал, која се случи во ноември минатата година, најверојатно ќе побара нови шест месеци за донесување конечна одлука. Законскиот рок до кога треба да биде завршена истрагата истекува за еден месец, а од Обвинителството за „Мета“ велат дека сè уште биле во тек истражните дејства.
Причина за продолжување на рокот за истрагата е, како што велат од Обвинителството, обемноста на доказите. Врз основа на ова, надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција може да побара продолжување на рокот за шест месеци.
Во ноември минатата година полицијата заплени 2.000 сим-картички преку кои се гласало на фестивалот, а како организатори осомничени се четири лица.